Иванов ќе приреди прием за претставниците на дипломатскиот кор акредитирани во Република Македонија
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска (18 јануари 2019 година, петок) во 19:00 часот ќе приреди прием за претставниците на дипломатскиот кор, акредитирани во Република Македонија.
На дипломатскиот прием, кој традиционално го приредува претседателот на Република Македонија по повод новогодишните и божиќните празници, свои обраќања ќе имаат претседателот Иванов и доајенот на дипломатскиот кор, амбасадорот на Кралството Шведска, Н.Е. г. Матс Стафансон.
Традиционалниот прием по повод новогодишните и божиќните празници за претставниците на дипломатскиот кор изминатите години беше приреден во Скопје, Струга, Гевгелија, Битола, Крушево и во Берово.