23/11/2024
Македонија

Известување за измени во протоколот за влез во Грција за државјаните на Република Северна Македонија

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните, дека согласно известувањето од грчките гранични служби од Граничниот премин „Евзони“, има измени во протоколот за влез во Грција и од денеска (19.06.2021 година), од 06.00 часот на ГП Евзони, освен со ПЦР тест не постар од 72 часа, Сертификат за примена вакцина (со поминати 14 дена од втора доза) и доказ за прележан Ковид-19 (од 2 до 9 месеци), влез на наши државјани се дозволува и со негативен брз тест за Ковид-19 не постар од 48 часа.

Деца до 12-годишна возраст нема потреба да имаат негативен тест, а постари од 12 години треба да поседуваат брз или PCR тест. Електронската најава на сајтот www.travel.gov.gr за прибавување на ПЛФ документ е задолжителна.

Како и досега, на ГП Евзони Грција нема да се дозволува влез од 22.00 часот до 06.00 часот по македонско време.