28/03/2025
Охрид

Извршила реконструкција на постоечки објект без да поседува Одобрение

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Р.(37) Пештани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавената, сопственик на парцела во Пештани, на објект за семејно домување и на објект со незапишани права, без да поседува Одобрение за реконструкција на постоечкиот објект извршила реконструкција, по што на 20.02.2025 година било донесено Решение со опомена градбата да биде отстранета.