Изгубил контрола и излетал надвор од коловозот, повредени две лица
На 20.07.2023 околу 02.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат во Струга, во близина на мост од реката Сатеска, Б.П.(43) од Охрид, управувајќи патничко возило „голф“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.
Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјална болница „Св.Еразмо“ во Охрид, додека со телесни повреди се здобил сопатникот Ј.Ѓ.(37). Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.