Измена на режимот на сообраќај во Охрид поради градежни работи
На 20.05.2019 (понеделник) година Општина Охрид ќе започне со реализација на проектот за измена на режим на сообраќај на крстосницата помеѓу ул. „7-ми Ноември“, ул. „Кленоец“ и ул. „Питу Гули“ (стара бензиска), каде што почнувајќи од понеделник па во наредните три дена, ќе се одвиваат одредени градежни активности на самата крстосница.
Се известуваат сите учесници во сообраќајот да ја прилагодат својата брзина на движење согласно условите на патот.