21/12/2024
Македонија

Изминатото деноноќие произведени 17.454 MWh електрична енергија и целосно задоволени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи

АД ЕСМ на 01.01.2023 година произведе 17.454 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

Во Термоелектраните произведени се 12.781 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 4.673 MWh.

Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 1.500 MWh електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата.

* Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 01.01.2023 година.