Илинденско обраќање на премиерот Ковачевски од централната прослава на Мечкин Камен
По повод големиот државен празник 2 Август, Денот на Републиката – Илинден претседателот на Владата, Димитар Ковачевски ќе се обрати на централната манифестација на Мечкин Камен во Крушево.
Премиерот Ковачевски ја предводи владината делегација во која се првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски како и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Со државна почест и чествување големиот национален празник Илинден се одбележува во Крушево, со положување свежо цвеќе на вечното почивалиште на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев во споменикот „Македониум“ на Гумење и на споменикот на паднатите борци на Слива, кои се симбол на жртвата на востаниците за одбрана на Крушевската Република.
Линк за следење во живо на положувањето цвеќе во Македониум во 08:30 часот
Централната манифестацијата на која и претходи положување на цвеќе на споменикот на Мечкин Камен, започнува во 11:30 часот. На истата, свечено ќе се обрати премиерот Ковачевски.
Во рамки на централната манифестација предвидена е празнична културно-уметничка програма посветена на двата Илиндена. Граѓаните на Република Северна Македонија под мотото „Нашата сила за иднината“ го празнуваат големиот национален празник 2 Август – Илинден.
Целиот настан, како и обраќањето на премиерот Ковачевски, во живо може да го проследите на: