25/11/2024
Македонија

Информација за надминување на праг на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри во Струмица

Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 188 μg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат на мерното место Струмица.

Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мерните места каде има појава на надминување на праг на алармирање.

Ден Струмица
27.01.2019 192.11
28.01.2019 283.73

*концентрациите се изразени во μg/m3

Од таа причина за градот Струмица денес и утре на сила се препораките и мерките согласно заклучоците од записникот од 40-та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година.