Ковачевски: Енергетската криза ја претворивме во можност, го зголемивме домашното производството на струја во услови на светска криза
Премиерот Димитар Ковачевски во РЕК Битола, заедно со министерот за економија Крешник Бектеши, со генералниот директор на ЕСМ, Васко Стафанов, со вработените со директорите, раководителите на енергетските капацитети и со сите членови на економско енергетски совет го означи крајот на грејната сезона за оваа година. На настанот беа доделени благодарници за вработените кои неуморно работеа во услови на најголемата светска енергетска криза, која светот ја памети по Втората светска војна.
Премиерот Ковачевски истакна дека во услови на светска криза го зголемивме домашно производство и ЕСМ наместо законски предвидените 60% производство на електрична енергија, во целост, односно 100% обезбеди струја за домаќинствата и за малите потрошувачи.
„Паралелно, го презедовме греењето со топлинска енергија во главниот град. Ова беа првите стратешки оперативни чекори кои се направија од Планот за справување со енергетската криза. Сигурна, стабилна и континуирана испорака на електрична и топлинска енергија беше фокусот во Планот што го изработи и спроведе Економско-енергетскиот тим. Сега кога завршува грејната сезона, можам само да бидам горд на резултатите кои ги постигнавме и на заедничкиот успех: Кризата ја претворивме во можност. Помошта од нашите сојузници и стратешки партнери, како и на Европската Унија со 80 милиони евра, беше многу значајна за да успееме да ги реализираме нашите напори да нема ценовен шок за граѓаните и сметките за струја да останат исти. Да сублимирам: Во текот на целата грејна сезона струја и парно имаше, рестрикции немаше. Зголеменото домашно производство, донесе стабилна цена. Планот даде резултат. Тоа е најдобар демант за критичарите и квази експертите кои во текот на последниот квартал минатата година предвидуваа најцрни сценарија и го вознемируваа народот”, рече Ковачевски.
Министерот за економија Крешник Бектеши, рече дека Министерството за економија како надлежна институцијата за енергетскиот сектор во државата од почетокот на грејната сезона работеше секојдневно со сите надлежни институции од енергетскиот сектор и носеше мерки се со цел успешно пребродување на енергетската криза.
„И можам да кажам дека сите заедно успеавме во тоа. Сега пред нас стојат нови предизвици, а тоа е пред се енергетската трансформација и зголемување на енергетската независност. Во наредниот период ќе продолжиме да работиме засилено и посветено во зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори што ќе донесе поголема независност. Фокус исто така ќе биде и подготовка на следната грејна сезона која сум сигурен дека со новиот менаџмент на ЕСМ успешно ќе ја поминеме. Потрошивме најмалку средства споредено со земјите од регионот за справување со енергетската криза и обезбедивме непрекинато снабдување со електрична енергија за домаќинствата и компаниите. Така ќе продолжиме и понатаму. Благодарност до сите вработени во ЕСМ, работниците, менаџментот и сите оние кои беа вклучени во ова успешно справување со енергетската криза ” рече Бектеши.
Генералниот директор на ЕСМ, Васко Стефанов, им честита и се заблагодари на сите вработени во АД ЕСМ и на менаџментот на компанијата, затоа што професионално, максимално и со сиот свој потенцијал се вложија себеси при справувањето со енергетската криза.
„Благодарение на вашата посветеност и стручност, вашиот квалитет, голем ентузијазам и дополнително вложениот труд успеавте да се справите со исклучително тешките предизвици со коишто се соочивте. Притоа, успеавте да го зголемите производството, а истовремено да ги намалите трошоците, што пак, придонесе АД ЕСМ да оствари позитивни финансиски резултати. Докажавте, сите заедно, дека ЕСМ како компанија има капацитет да ја менаџира најголемата енергетска криза досега, секако со силна заложба и поддршка од Владата, лично од премиерот Димитар Ковачевски и од економските министри. Ова големо признание и благодарност што ви го оддава премиерот е многу важно за сите, тоа е потврда за улогата и за успехот на секој вработен поединечно во ЕСМ, и силен доказ дека Владата е наш сојузник. Верувам дека за да ги постигнеме поставените цели на нашата компанија и во иднина ќе продолжиме со иста посветеност, ентузијазам и професионалност како и досега” ,рече Стефанов.
Премиерот Димитар Ковачевски во „РЕК Битола“, заедно со министерот за економија Крешник Бектеши, со генералниот директор на ЕСМ Васко Стефанов, раководството на РЕК, раководители, вработени во енергетските капацитети, во присуство на медиумите го означи крајот на грејната сезона за оваа година. На настанот беа доделени благодарници за вработените кои неуморно работеа во услови на најголемата светска енергетска криза, која светот ја памети по Втората светска војна.
Во продолжение обраќањето на премиерот Ковачевски во целост:
„Најпрвин благодарам на поканата која што ја прифатив веднаш бидејќи овој настан го гледам како израз на благодарност и покажување на чест и благодарност до сите вработени меѓутоа и во другите подружници во ЕСМ, Осломеј, Неготино, во Когел, во Енергетика итн. кои навистина 24 часа на ден работеа за да обезбедат електрична енергија во текот на целата грејна сезона.
Чест и задоволство ми е што денес сме сите заедно во РЕК Битола, со Вас вработените, со министрите, со директорите, со раководителите, со медиумите да го означиме крајот на грејната сезона за оваа година.
Грејната сезона започна на 15 октомври 2022 година, вие се сеќавате дека на самиот нејзин старт имавме совет за безбедност во државата, на кој го презентиравме планот којшто не водеше во текот на целата ова грејна сезона. Тогаш јас се сеќавам што кажав, дека имаме многу јасно пред нас и активности и кадровски ресурси и контакти со соседните држави, со цел да обезбедиме непреченост во снабдување со електрична енергија. Тогаш кажав дека постојат и ризици кои доколку се остварат тогаш како многу други држави ќе имаме проблеми. Но токму поради стручноста, напорот кој го дадоа сите вработени во ЕСМ Македонија ние имавме непречено снабдување со топлинска и електрична енергија во текот на целата зимска сезона. Во услови на најголема светска енергетска криза, кога дел од земјите го пролонгираа стартот на грејната сезона, нашите граѓани имаа сигурно и стабилно снабдување со струја и парно кое стартуваше во точно пропишаниот рок и во текот на цела грејна сезона.
Оваа зима, која беше исклучително комплексна и со очекување геополитичките случувања да кулминираат преку енергетски условувања – ние имавме само една цел – а тоа е да ги заштитиме граѓаните и да ја одржиме ликвидноста на компаниите како во електро енергетскиот сектор така и во сите други области на индустријата и услугите.
Успеавме да ги заштитиме граѓаните, благодарение на трудот што го вложивте вие вработените во ЕСМ и сите подружници.
Го зголемивме домашно производство и ЕСМ наместо законски предвидените 60% производство на електрична енергија, во целост, односно 100% обезбеди струја за домаќинствата и за малите потрошувачи. Паралелно, го презедовме греењето со топлинска енергија во главниот град Скопје и таму обезбедивме непречено снабдување со електрична енергија. Ова беа првите стратешки оперативни чекори кои се направија од Планот за справување со енергетската криза.
Сигурна, стабилна и континуирана испорака на електрична и топлинска енергија беше фокусот во Планот што го изработи и спроведе Економско-енергетскиот тим.
Сега кога завршува грејната сезона, можам само да бидам горд на резултатите кои ги постигнавме и на заедничкиот успех: Кризата ја претворивме во можност.
Заедно со сите Вас, пред се, со вработените во државните електрани, кои работевте деноноќно, како и со колегите од Економско-енергетскиот совет: Тука пред се сакам да се заблагодарам на Вицепремиерот за економски прашања, на Министерот за економија кој деноноќно работеше заедно со вас, неговите колеги во Министерството за економија, на професорите од факултетот за електро науки во Скопје на кој еден избраа да биде мој советник во кабинетот. На советниците кои се тука со нас, на менаџмент тимот на МЕПСО, на ЕВН, на РКЕ и пред се на раководството на ЕСМ кое што беше успешно предводено од директорот Васко Ковачевски и неговите колеги, а сега им се придружи нов директор Васко Стефанов, кој верувам дека ќе го продолжи на ист таков успешен начин тоа што беше направено.
Помошта од нашите сојузници и стратешки партнери, како и на Европската Унија со 80 милиони евра, беше многу значајна за да успееме да ги реализираме нашите напори да нема ценовен шок за граѓаните и сметките за струја да останат исти.
Сакам да им се заблагодарам и на претседателот на стопанската комора, г. Азески. Сакам да се заблагодарам и на моите советници за економија вклучително и на Министерството за економија, Министерството за труд и социјална политика, да се заблагодарам на надворешните советници во Кабинетот на премиерот кој своето искуство го ставија на располагање на државата.
Да сублимирам: Во текот на целата грејна сезона струја и парно имаше, рестрикции немаше. Зголеменото домашно производство, донесе стабилна цена. Планот даде резултат. Тоа е најдобар демант за критичарите и квази експертите кои во текот на последниот квартал минатата година предвидуваа најцрни сценарија и го вознемируваа народот.
Истите тие кои беа експерти за лекување од корона, истите тие кои во корона кризата ширеа најразлични лаги, истите тие станаа експерти за производство на електрична енергија иако да ги прашаш дефиниција за ват и волт нема да може да ви кажат разлика. Тие беа демантирани токму од вас кој успеавте да произведете електрична енергија повеќе од тоа што со закон сте обврзани.
Но наша обврска е да се бориме со лажните вести и затоа енергетската транспарентност ја издигнавме највисоко на листата на приоритети и цели 6 месеци во текот на грејната сезона секој ден објавуваме информации за состојбата со производството на електрична енергија. И сакам тука да се заблагодарам на колегите кои што работеа во секторите за односи со јавност и во ЕСМ и во Влада и на мојот советник Виктор Андонов кој секојдневно одржуваше прес-конференции. Преку редовни теренски активности од каде секојдневно информиравме за случувањата, но и преку редовни прес-конференции на кои споделувавме најнови информации за енергетската состојба на државата.
Покажавме како транспарентно и успешно се справуваме со економско–енергетската криза од светски размери.
Нашето општество заслужува да се зборува за квалитетот на решенијата, а не дека проблемите немаат решение.
Овде од РЕК Битола, сакам само да ги сублимирам податоците кои транспарентно се објавува секој ден преку енергетскиот биланс и преку редовните прес-конференции кои ги одржувавме и вие во РЕК Битола и ЕСМ и ние во Владата.
Во рамки на грејната сезона 2022/2023, за месеците октомври, ноември, декември, јануари, февруари, март имаме вкупно домашно производство на електрична енергија од 2,7 милиони Mwh. Во споредба со претходната грејна сезона 2021/2022 има зголемување на вкупното производство на електрична енергија од 45%, односно за шест месеци минатата година се произвеле вкупно 1,8 милиони Mwh електрична енергија.
Ова е патриотизам во 21 век – со посветена работа работниците ја докажаа и одбранија енергетската независност на државата и работеа со капацитети стари 40 години на нивно одржување ремонт и на нивно постојано држење во функција со цел да се произведува електрична енергија.
Денес сум овде, меѓу Вас, пред се меѓу работниците од енергетскиот сектор во име на граѓаните на Република Северна Македонија да ви изразам благодарност за вашата професионалност и посветена работа, за трудот, знаењето и несебичниот пристап во справувањето со секојдневните предизвици со коишто се соочувавте.
Вашата работа придонесе за зголеменото производство на електрична енергија, а како резултат на тоа успеавме да успееме да обезбедиме евтина струја за училиштата, за образовниот процес да се одвива во училниците, за јавните комунални претпријатија преку кои граѓаните се снабдуваат со вода.
Дополнително за стопанството ја намаливме цената на струјата за 20% за 72 илјади фирми кои се на регулиран пазар и немаше зголемување на цената за домаќинствата.
Само сетете се пред 6 месеци критизерите и лажните експерти кои обвинуваа дека ќе се зголеми цената на електричната енергија за 50 и 60%. Ова е најдобар демант за тоа дека не само што не се зголеми цената на електричната енергија туку заради вас цената на електричната енергија е намалена за голем дел од потрошувачите.
Во услови на најголемата светска енергетска криза го донесовме најголемиот пакет антикризни мерки во регионот, оценет и од Светска банка, за граѓаните и за компаниите и за одржување на ликвидноста на компаниите од над 760 милиони евра. Сите мерки ги носевме во консултација со сите засегнати страни, со стопанството, владини институции, по сеопфатни анализи и истите ги донесовме навреме. Тука сакам да се заблагодарам на сите практичари, на професори, на членови на МАНУ кои учествуваа на состаноците на Економскиот совет на Владата. Сакам да се заблагодарам и на приватните компании кои учествуваа во енергетската дејност во државата.
По мерката за субвенционирање на струјата, ги замрзнавме и цените на основните производи во интерес на граѓаните, бидејќи реални услови беа создадени. Ќе продолжиме и натаму да се грижиме и за граѓаните и за стопанството, никој не треба да профитира во услови на криза, напротив, солидарноста е таа која е приоритетна во овие моменти.
Знам дека работа на опозицијата е да критикува и тие тоа ќе го прават секогаш. Сметам дека денес како што јас се заблагодарив на вработените во ЕСМ тоа на вработените кои тука работат секојдневно, деноноќно треба и тие еднаш денес да пратат една позитивна вест во низата на негативни и критички кои ги праќаат и да им се заблагодарат на вработените затоа што државата ги помагаше непречено во снабдување со електрична енергија.
На почетокот истакнав дека кризата ја претворивме во можност, а тоа значи и инвестиции во обновливи извори на енергија.
Потврда за тоа е што расте интересот за инвестиции во обновливи извори на енергија. Од 1 јануари 2022 до 31 март 2023 – инсталиран е 192 MW вкупен капацитет од обновливи извори. За петнаесет месеци Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги има издадено лиценци за 400 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори. Станува збор за вкупна инсталирана моќност од 192 MW што е приклучена на мрежа за една година и три месеци и со која може да се задоволат потребите на домаќинствата со просечна потрошувачка од десет градови: Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка, Св. Николе, Ресен, Дојран, Дебар и Виница. Или 76.000 домаќинствата.
Нема подобро место за да се направи споредба за тоа што е направено во делот на обновливите извори на енергија од ова место. Обновливите извори на енергија кои се инсталирани во мандатот на оваа Влада се со капацитет поголем од капацитетот кој го произведува еден блок во РЕК Битола. И ќе продолжи трендот на зголемување на инвестициите во обновливи извори на енергија.
Со овој тренд на инвестиции е намалена енергетската зависност на државата. Наместо 30%, сега за потребите на сите потрошувачи меѓу кои и индустријата, малото стопанство има увоз од околу 11%.
Сите овие трендови водат кон зголемување на енергетската независност на земјата, стабилност во снабдувањето со електрична енергија и во крајна цел реализација на Планот на Владата, во корист на граѓаните, на компаниите и на нашата држава.
Доколку ЕСМ продолжи со реализацијата на зголемено производство, тоа ќе биде аргумент плус, кој ќе му овозможи на Регулаторната комисија за енергетика да носи одлуки во интерес на граѓаните. Ние правиме се што е во наша моќ – а тоа е да го реализираме планот за зголемено производство, за цената да биде стабилна и граѓаните да користат евтина тарифа. Дали истата ќе има проширени интервали на користење, во текот на наредниот период ќе покажат анализите на Регулаторната комисија.
Наш приоритет е и енергетската транзиција и енергетската независност, а нашата земја да биде и понатаму регионален лидер во енергетската транзиција, со огромен потенцијал да стане зелен енергетски хаб во регионот.
Јас не би должел повеќе, грејната сезона 2022/2023 во услови на најголемата светска енергетска криза успешно ја завршивме благодарение на големата посветеност, на макотрпната работа на сите Вас овде присутни меѓутоа и на сите други кои се сега на работните места во сите производствени погони на електрани на Македонија. на Прецизниот план на Влада, и на поддршката од нашите стратешки партнери, Европската Унија, добрите добрососедски односи со соседите резултираа со успешно справување со енергетската криза.
Ви честитам од срце и горд сум на овие резултати, да бидете и вие горди на Вашиот успех и посветеност.“