23/11/2024
Охрид

Кривична пријава за фалсификување исправа, злоупотреба на лични податоци и помагање

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.К.(35) од Прилеп, Д.К.(35) од Прилеп, З.Р.(36) од Охрид и К.М.(31) од Прилеп поради постоење основи на сомнение дека првопријавениот сторил кривично дело “фалсификување исправа“ и “злоупотреба на лични податоци“, додека второ, трето и четврто пријавените поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело “помагање“.

На 22.07.2019 полициски службеници при утврдување на идентитет на четворицата во населбата Пештани-Охрид, утврдиле дека првопријавениот покажал фалсификувана лична карта со негова слика, а со име од друго лице. Врз пријавените извршен бил преглед при што пронајдени биле предмети кои биле наменети за вршење на провални кражби. Пријавените се повикани во СВР Охрид и при извршување на разговори првопријавениот повторно приложил фалсификувана лична карта со негова слика, а второ, трето и четврто пријавените знаеле дека првопријавениот користи фалсификувана лична исправа и врши злоупотреба на друго лице, но истите го прикриле делото.