Кумановка заработи кривична поради употреба на исправа со невистинита содржина
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Л.С.(56) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.
На 11.10.2019 полициски службеници извршиле контрола врз патничко возило што го управувала пријавената, при што било констатирано дека бројот за идентификација во сообраќајната дозвола не се совпаѓал со бројот на шасијата.