Листа на должници БР.09/2023 за долгови доспеани до 31.05.2023 и неплатени до 31.08.2023
Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.09/2023 за долгови доспеани до 31.05.2023 година и неплатени до 31.08.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:
1. повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
2. повисок од 300.000 денари за правните лица.
Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.
Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.
Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци, Ве молиме да се обратите до:
- надлежната Регионална дирекција на УЈП (види контакт) – за објавените долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;
- Царинска управа на РСМ – Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел.02/3293 978 или 02/3293 971) – за објавените долгови по основ на акцизи, царини и ДДВ при увоз.
На Листата на должници бр.09/2023 објавени се 1730 должници – правни лица (помалку за 82 од претходната листа) и 3375 физички лица (помалку за 12 од претходната листа). Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.09/2023 изнесува 8.210.260.105 денари, (помалку за 367.283.742 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.026.847.383 денари, (помалку за 359.229.765 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 183.412.722 денари (помалку за 8.053.977 денари од претходната листа).
Листа на должници бр.09/2023 за долгови доспеани до 31.05.2023 година и неплатени до 31.08.2023 година | (1 MB) |