26/11/2024
Охрид

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денес оствари работна средба со раководството на СВР Охрид

 На средбата од страна на колегите во СВР Охрид беше запознаен со тековните проблеми со кои се соочуваат во своето работење, во насока на борбата против криминалот на ова подрачје, како и одржувањето на јавниот ред и мир, при што заеднички беше констатирано дека безбедносната состојба на подрачјето на СВР Охрид е стабилна.

Најголем предизвик со кој се соочуваат полициските службеници се тешките кражби, разбојништвата и сообраќајните несреќи.  

Во фокусот на средбата беа парламентарните избори, нивната организација и мерките и активностите кои се преземаат, а се насочени кон гарантирање на нивната безбедност.

Од страна на министерот Чулев беше побарано доследна примена на принципот на законитост во насока на обезбедување фер и демократски избори.