22/11/2024
Македонија

Министерот Поповски апелира Академијата за судии и јавни обвинители да обезбеди јавност при изборот на директор

Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, следејќи ја реакцијата на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), апелира до Академијата за судии и обвинители, да обезбеди јавност во својата работа, и при изборот на директорот, согласно начелата утврдени во Статутот за работа на Академијата.

Според министерот Поповски, јавното и транспарентно работење значи и одговорно работење, при што неопходно е на претставниците на медиумите да им се овозможи пристап до информации, меѓу другото и преку обезбедување јавност на седницата за избор на директор на Академијата.