Министерството за здравство обезбеди средства за вложениот труд на стоматолозите специјализанти
За првпат, Министерството за здравство од оваа година обезбеди средства за вложениот труд на приватните специјализанти.
Министерството за здравство информира дека обезбеден е Буџет за исплата на стоматолозите специјализанти и средствата се префрлени на Универзитетската клиника за стоматологија.
Процедурата за согласноста за вработување со договор на дело, преку кој ќе се исплаќаат приватните специјализанти е завршена во Министерството за здравство и во законски определениот рок, Министерството за финансии ги одобри согласностите.
Приватните специјализанти по стоматологија ќе бидат целосно исплатени ретроградно за нивниот вложен труд.
Напоменуваме, за приватните специјализанти предвиден е буџет и за наредната 2019 година, односно ќе бидат исплаќани и следната година.