Министерство за транспорт и врски за ограничувањето на движењето на работниците во градежниот сектор
Во однос на многубројните прашања кои се однесуваат на мерките, препораките и одлуките за ограничување на движењето, а поврзани со ангажирање на работниците во градежниот сектор, би сакале да Ве информираме за следново:
Вработените во градежните компании кои што изведуваат градежни активности, мора да се придржуваат до препораките од Комисијата за заразни болести и Главниот координативен штаб на Владата и задолжително да ги применуваат во работниот процес.
Исто така градежните компании мора да го организираат работниот процес и работното место на начин да се почитуваат мерките и препораките на Комисијата за заразни болести и Главниот координативен штаб на Владата.
Сакаме да појасниме дека Одлуката за ограничување на движење на максимално две лица на цела територија на Република Северна Македонија се однесува за движење на јавни места и јавни површини. Оваа мерка не ги опфаќа работниците од градежниот сектор при реализација на нивните работни обврски, што подразбира дека тие можат слободно да ги извршуваат своите работни задачи и својот превоз според природата на работата во рамки на работното место на начин организиран од работодавецот.