Мицкоски: Време е да започне дијалогот со синдикалните организации, да се ослободат од стегите на оваа криминална власт
Интегрален текст од изјава за медуими на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Почитувани,
Денес еве со претставниците на синдикалната организација, конфедерација на слободни синдикати разговаравме за практично нивните политики кои што идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги имплементира и практикува.
Ценам дека имавме конструктивен разговор, дијалог. Од прилика дел од нивните забелешки уште во изработката на програмата се опфатени во самата содржина на програмата за дел се разбира од како ќе биде формирана владата ќе разговараме. Бидејќи тоа е динамичен процес, процес кој што трпи промени, сепак станува збор за четиригодишен период, станува збор за многу предизвици кои што ќе се испречат на тој пат. И јас ценам дека можеме навистина да ги ослободиме синдикалните организации од политичките стеги и притисоци, да ги оставиме да функционираат луѓето и да се борат за правата на работниците. Да постои оној социјален дијалог кој што изминативе нешто повеќе од три години гледаме како да практично исчезна од сцената. Да се ослободиме од стегите на политичарите за да може да бидеме по би рекол рационални и покреативни во носењето на одлуките.
Разговаравме со различните гранки кои што се дел од оваа синдикална организација. Добивме и некои конструктивни предлози за дел од тие предлози веднаш се сложивме и ќе бидат веќе артикулирани на настаните во преостанатите денови. За дел ќе треба веднаш по формирањето на новата влада.
Така што јас сум многу благодарен за можноста што можев во прво лице да зборувам вака директно со претставниците на оваа синдикална организација. За мене претставува навистина голема чест и привилегија да можам да зборувам со овие луѓе, бидејќи овие луѓе се борци за правата на нивните сомисленици, би рекол на работничките права.
Прашање:Со тоа на оглед дека имавте средба со раководството на СОНК претпоставувам дека сте разговарале и за тоа како ќе продолжи школската година доколку ВМРО-ДПМНЕ ја освои власта после изборите, не како ќе продолжи туку како ќе почне?
Одговор: Денеска не разговаравме за тоа, за тоа ние интерно правиме анализи во рамките на онаа би рекол преодна стратегија со која што излеговме пред граѓаните и беше презентирана во партијата. Да, тоа е еден од основните предизвици кои што ќе следат после 15 јули за Владата. Цениме дека образованието треба да биде врвен приоритет за сите нас, цениме дека учениците и студентите треба да добијат квалитетно образование без разлика на ова што би рекле нова нормалност или како што е денеска ситуацијата ненормалност предизвикана поради калкулантските политики на нашиот политички противник, раководството на СДСМ и Зоран Заев. Цениме дека имаме начин како да се справиме со тоа и како да отпочне годината, но сепак тоа ќе зависи од другите работи практично како ќе се справиме со Ковид пандемијата која што кај нас има продолжен ефект и сме практично единствена држава во Европа каде што тоа се случува.
Прашање:Деновиве слушаме од претседателот на ДУИ дека има некои изјави во кој вели дека на македонските партии им се треселе нозете од помислата за прв премиер Албанец. Што доколку на ДУИ се уште и после изборите остане овој услов за формирање на влада, а на некој начин вие зависите од ДУИ? Дали ќе се обидете да го смените нивниот услов или ќе барате нови коалициски партнери?
Одговор: Ние зависиме од граѓаните. Граѓаните се тие кои што даваат, но и граѓаните се тие кои што одземаат. Цениме дека овие избори граѓаните масовно ќе ја поддржат опцијата која што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За обнова на Македонија. Цениме дека како победничка опција после овие избори ќе имаме голема комоција во делот на преговори и разговори со потенцијалните коалициони партнери водени единствено од клучниот столб во нашата програма, а тоа е како да навистина имаме правна функционална држава, а потоа сето останато кое што денеска е реалност во Македонија. Тоа е справување со Ковид пандемијата, справување со предизвиците во образованието, здравствената криза, економската криза. Знаете ние сме сега пред есента кога ако потрае оваа ситуација со Ковид пандемијата како што трае ќе дојде на ред и сезонскиот грип. Така што сериозна и алармантна ќе биде ситуацијата, а никој тоа не го споменува.
Гледаме дека развиените европски земји веќе почнуваат да зборуваат за еден масовен скрининг, за едно масовно вакцинирање од сезонскиот грип. Така што замислете што ќе се случи со нашите здравствени капацитети ако наеднаш дојдат пациенти со сезонски грип, луѓе кои што се инфицирани од Ковид-19. Навистина ќе настане една тешка траорна ситуација. За жал кај нас воопшто никој не разговара за тоа. За среќа после 15 јули победува обновата и има јасен план како и со едното и со другото да се справи.
Прашање: Во принцип сите политички партии имаат некакви прогнози за тоа колку пратенички места би освоиле на овие избори, кои се вашите прогнози?
Одговор: Сериозна ќе биде поддршката, ќе почекате за некој ден од денеска ќе се уверите, ова не е математика, ова е чувство, ова е практично сериозна поддршка која што ја добива ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ од граѓаните. Тоа буквално се чувствува на секој чекор. Разочараноста е огромна, тенденцијата е да има промени, да дојдат политичари кои нудат надеж, политичари кои што знаат како да се справат со предизвиците, јас сум убеден во една огромна победа на ВМРО-ДПМНЕ, па и не би ме изненадило ако имаме мнозинство во парламентот.
https://www.youtube.com/watch?v=ziFoMsrAAxM&feature=emb_title