22/12/2024
Македонија

Мицкоски: Од 15 декември започнува акцијата за новогодишната кошничка, која опфаќа повеќе од 800 производи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, од кога започнува акцијата за новогодишна кошница, којашто пред десетина дена беше најавена на прес-конференција во Владата, објасни  дека акцијата започнува од 15 декември, а бројката на производи е зголемена за повеќе од 800.

„Да, јас би сакал тука да кажам, дека на мое големо задоволство компаниите, трговците, производителите, дистрибутерите, бројката на производи ја зголемуваат и таа е повеќе од 800, веќе не е 600. Сите тие ќе бидат означени, а за тоа ќе се грижи Државниот пазарен инспекторат, којшто континуирано ќе ја следи работата на маркетите, и очекувам навистина да биде како да кажам, семејниот буџет да биде заштитен со намалувањето на цените на овие производи.

Инаку што се однесува од кога почнува, од 15 декември, тоа е за два дена, денеска е 13. За два дена започнува оваа акција, очекувам позитивни ефекти и очекувам нормално, да биде што побогата за празниците потрошувачката кошничка на граѓаните, за помалку пари. И тоа е наша цел и наша задача како Влада, да го овозможиме“, изјави премиерот Мицкоски.