Мицкоски: Пораките на Горан Стефановски важат денес и за сто години од сега и времето потоа
„Цепенко не учи: Кај што паѓа чоек, таму и станува. Ни треба макотрпна работа за да ја утврдиме и ускладиме нашата автентична и суверена приказна. Ни треба востание на визија, волја, ум, на упорен труд, медиумска лукавост и преговарачка вештина. Државите се прават со жртви и крв, но се чуваат со работа и памет. Пред сто години, Илинденските херои, својата волја за држава ја потврдија со својата автентична и убедлива смрт. Ние денес, нашата волја за оваа држава мораме да ја потврдиме со нашиот автентичен и убедлив живот”- вака пишуваше Горан Стефановски, а овие пораки ќе важат денес, и за сто години од сега и времето потоа. Почивај во мир!, напиша претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по повод прераната смрт на македонскиот драмски писател Горан Стефановски, кој ненадејно почина вчера.