Мицкоски: СДСМ нема направено ништо за решавање на проблемите на лозарите, загарантираните откуп и цена беа само лажни ветувања
Почитувани,
Очигледно е дека во земјоделието лагите, лажните ветувања, нереализираните ветувања и очекувања од страна на СДСМ и Зоран Заев се присутни, напластени се многу проблеми. Сето она кое што беше во минатото ветувано како загарантиран откуп, цена загарантирана и слично, изгледа беа само шарени лаги и предизборни ветувања гледаме дека еве од прво лице гледаме дека сето тоа е само добро кажано пред камера кога се бара мандат од страна на овие луѓе кои што практично нивниот труд останува ненаграден кое што достоинствено треба да биде награден. Но кога ќе дојде време да се формира влада и кога треба да се соочите со тие ветувања гледате дека практично ништо не се случува туку напротив е полошо од тоа што било во минатото.
Денеска ние имаме реален проблем во Тиквешијата. Имаме од две винарии ненаплатени побарувања од страна на лозарите за продаденото грозје тоа е некаде од висина на милион и двеста во вкупен износ, 600.000 евра од едната винарија, 600.000 евра од другата винарија. Ветувано им е за време на предизборието од тогашниот технички министер, кој што сега е практично министер во ресорот за земјоделие. Но гледаме дека реалноста е сосема поинаква. Воопшто ништо не се случува. Напротив, повторно имаме некои нови ветувања, нови одложувања на решавања на овој проблем.
Повикуваме веднаш, тоа ветување кое што го давал на лозарите за време на предизборието да го исполни и овие луѓе да си ја добијат онаа сума на средства кои што ја имаат заслужено за продаденото грозје во тие винарии.
Вториот проблем кој што исто така денеска го разговаравме кој што е сериозен е исплатата на обесштетувањето од замрзнатите лозови насади, односно од студовите кои што се случија пред некоја година. Во вредност процентуално од онаа која што им беше ветено или од 80% до 100%, исплата е сега од вредност од 3% што е навистина понижувачки кон овие луѓе. И навистина е некоректно и нечестито.
Третата работа која исто така денеска ја дискутиравме е акцизата која планира оваа влада повторно со нови давачки, со нови даноци да врши репресија врз граѓаните во Република Македонија. Овој пат тоа ќе го прави врз производителите на ракија во вредност од 30-тина денари по литар произведена ракија, за домашна употреба се разбира.
Иако ние на времето исто таква една иницијатива се започна, но се одложи до времето коа Македонија ќе стане полноправна членка на Европската Унија, како што впрочем и треба да биде и како што впрочем тоа го направија и државите кога стануваа земји членки на Европската Унија.
Така да веднаш бараме владата да се откаже од оваа намера да дополнително делува репресивно врз лозарите и врз оние луѓе кои што за домашна употреба ќе произведуваат ракија, односно да ја напушти желбата да се воведе оваа дополнителна акциза.
Исто така беа разгледувани проблемите со наводнувањето со водоснабдувањето со лозовите насади. Практично сето она кое што беше ветувано гледаме дека денеска не е исполнето ниту пак дека е блиску до исполнување и ние апелираме да покрај сите овие шарени лаги во минатото, владата на СДСМ и Зоран Заев вклучително и на оној министер кој што се труди на дневна основа да му се допадне на неговиот претпоставен премиер Зоран Заев, да почне покрај тоа што ветува сега и да ги исполнува тие ветувања пред овие луѓе. Бидејќи навистина станува збор за луѓе кои што макотрпно работат и ја заслужуваат онаа скромна награда за својата макотрпна работа.
Прашање: Дали ќе го поддржите штрајкот кој што го најавија, доколку се случи?
Одговор: Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ е тука, ВМРО-ДПМНЕ е во поддршка на лозарите, ВМРО-ДПМНЕ е во поддршка на граѓаните на Република Македонија и сето она кое што во минатото беше ветувано, а сега гледаме дека оваа влада нема ниту намера ниту желба да го исполни туку тоа беше една шарена лага да се догребаат до власт. ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржува, но истовремено и покрај поддршката имаме ние и тим на луѓе кој ќе гарантира сериозни решенија за ваквите напластени проблеми. И токму тоа беше една од причините поради која ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, бара да се случат конечно тие предвремени парламентарни избори, за што побрзо да дојде крај на овие неисполнети ветување и да почнеме да ги решаваме напластените проблеми на граѓаните во Република Македонија во случајот тоа се лозарите.