МОБ со „Севилскиот бербер“ гостува во Стара Загора
На покана од Државната опера од Стара Загора, Р. Бугарија, вечерва ( 4 декември), Македонската опера и балет со операта „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини гостува во Стара Загора…
Македонската опера и балет има чест да настапи на 49. издание на Фестивалот на оперската и балетска уметност.
Фестивалот за прв пат се одржал во 1967 година под насловот „Декемвриски музички денови“. Иницијатор бил главниот диригент на Операта во Стара Загора, Маестро Димитар Димитров.
На вечерашната изведба, диригент еИван Еминовиќ, режијата е Урсула Хорнер, а во улогата на Фигаро настапува Марјан Јованоски. Розина ја толкува Билјана Јосифов, Грофот Алмавив е Благој Нацоски, Дон Базилио: Владимир Саздовски. Настапуваат и Невен Силјановски, Злата Тошевска, Кристијан Антовски, Саша Смилевски и Борко Биџовски.