МОН го повлече учебникот за петто одделение по македонски јазик, поради стереотипни и дискриминаторски содржини
Министерството за образование и наука информира дека во тек е подготовка на целосно нов Закон за учебници со кој ќе се надминат недостатоците во овој сегмент од образованието.
Исто така, известуваме дека Министерството за образование и наука веќе го повлече учебникот по Македонски јазик за петто одделение, поради несоодветна и дискриминирачка содржина. Во овој учебник се констатирани дискриминирачки текстови, но и примери коишто ја засилуваат родовата нееднаквост. Утврдени се голем број пропусти и грешки, но и непочитување на македонската стандардно јазична норма.
Министерството за образование и наука продолжува со силни реформски процеси во образованието како и со обезбедување на квалитетни и современи материјали за учениците и наставниците.