22/11/2024
Македонија

МОН: до 15 јули аплицирање за сместување во ученички домови за учебната 2021-2022 година

Министерството за образование и наука потсетува дека во тек е Конкурс за прием на ученици во јавните ученички домови во Северна Македонија за учебната 2021/2022 година.

Право на сместување имаат ученици кои ги исполнуваат следните услови: да се запишани како редовни ученици во средното образование во учебната 2021/2022 година; да се државјани на Република Северна Македонија; да се запишани на наставен план и програми кои не се застапени во општината, односно градот Скопје каде ученикот има постојано место на живеење; училиштето во кое ученикот е запишан да е оддалечено најмалку 25 километри од постојаното место на живеење и да има организирано јавен превоз; училиштето во кое ученикот е запишан да е оддалечено најмалку 10 километри од постојаното место на живеење и нема организирано јавен превоз.

Оваа година учениците имаат избор да аплицираат за сместување во ученички дом електронски со пополнување на електронска пријава и прикачување на соодветната документација на https://e-uslugi.mon.gov.mk , а доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во ученичкиот дом најдоцна до 15.07.2021 година.

Повеќе информации на следниот линк