23/11/2024
Македонија

МТСП: Известување за неработен ден за граѓаните припадници на бошњачката и еврејската заедница

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ  („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07),  28 септември 2020 година (понеделник), Меѓународниот ден на Бошњаците е неработен ден за граѓаните припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија. Исто така согласно со Законот за празниците на РМ  („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07),  28 септември 2020 година (понеделник) е неработен ден  и за граѓаните припадници на еврејската заедница во Република Северна Македонија, Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на бошњачката заедница и на граѓаните припадници на еврејската заедница, им го честита Меѓународниот ден на Бошњаците и првиот ден на Јом Кипур.​