МТСП: Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи
Владата на Република Северна Македонија на редовната 42-ра седница ги прифати предлозите на Главниот координативен кризен штаб утврдени според препораките на Комисијата за заразни болести.
Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки, освен задолжително носење заштитни маски во здравтсвените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.
Поради тоа, Министерството за труд и социјална политика, ја известува јавноста дека спроведувањето и почитувањето на општите и посебни мерки и протоколи за заштита од КОВИД- 19 во предучилишните установи престануваат да важат.