23/11/2024
Македонија

МТСП: Склучени договорите за финансирање на социјалните услуги со лиценцираните даватели на услуги

Развојот и подобрувањето на квалитетот на социјалните услуги во локалните заедници, согласно потребите на граѓаните и зголемување на пристапноста и достапноста  на социјалните услуги наменети за ранливите групи на граѓани, постарите лица, децата и лицата со попреченост, децата во ризик и децата без родителска грижа, жртви на семејно и родово базирано насилство и жртви на трговија со луѓе и други деца и лица се врвен приоритет на Министерството за труд и социјална политика.

Денеска покажуваме дека СЕ ГРИЖИМЕ за потребите на сите граѓани кои имаат потреба од поддршка преку склучување на договори за финансирање на социјалните услуги со лиценцираните даватели за услугите: до домот – лична асистенција и помош и нега во домот, услуги во заедницата – дневни центри за деца со попреченост, дневни центри за деца во ризик, услуги на вон семејна заштита – живеење со поддршка за лица со попреченост,  центар за социјална  рехабилитација на лица кои злоупотребуваат дрога, центар за поддршка на загрижувачки семејства.

Посветеноста за достапни и квалитетни услуги ја потврдуваме со Буџетот на Министерството за труд и социјална политика за 2023 година, односно за социјални услуги се обезбедени дополнителни 5.5 милиони евра повеќе од 2022 година, односно вкупно 7.8 милиони евра.