21/11/2024
Македонија

Нацрт на Одлуката за прогласување на дел од планината Водно за заштитен предел достапна за увид и коментари

Министерството за животна средина и просторно планирање, врз основа на доставената Студија, изработи Нацрт на Одлуката за прогласување на дел од планината Водно за заштитено подрачје во категорија V – заштитен предел.

Со оваа одлука дел од планината Водно заради своите геолошки, геоморфолошки и биолошки вредности, како и посебното значење за жителите на Град Скопје, се прогласува за заштитено подрачје во категорија V – заштитен предел, а Градот Скопје е определен да управува со заштитеното подрачје. 

Предлог актот е достапен за увид и коментирање на веб страницата на МЖСПП www.moepp.gov.mk и на Единствениот национален електронски регистар на прописи на РСМ (ЕНЕР) www.ener.gov.mk, а јавна расправа по предлог актот ќе се одржи помеѓу 1 и 5 февруари 2021г. (со дополнителна најава). 

Своите мислења, забелешки и сугестии можете да ги доставите на следната електорнска адреса: infoeko@moepp.gov.mk.