Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против М.Р.(42) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „недозволено изработување држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 19.06.2020, полициски службеници извршиле претрес во стан на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана, кокаин, семки од растението канабис и куршум од пиштолска муниција со калибар 9мм.