Обраќање на министерот Адеми пред Комисијата за надворешни работи на италијанскиот парламент
Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, денес на последниот ден од работната посета во Италија и Ватикан, оствари билатерални средби во Италијанскиот парламент и во Министерството за Надворешни Работи.
Во Италијанскиот парламент министерот Адеми оствари средба со Претседателката на комисијата за надворешни работи, Марта Гранде, додека во Италијанското МНР директорот на Генералниот директорат за италијански граѓани во странство и политиките за миграција, Луиџи Мариа Вињнали.
Во фокусот на разговорите на средбата на министерот Адеми со Луиџи Мариа Вињали беа можностите за унапредување на билатералната соработка во сите области од заемен интерес, унапредувањето на положбата на нашата дијаспора и нивна инклузивност во економскиот, политичкиот, социјалниот и културниот живот во Италија. Беа разменети искуства за моделите на институционалната соработка со дијаспората. Како Република Северна Македонија така и Италија имаат значителна дијаспора која е важен политички, општествен, економски и културен сегмент за двете држави.
На средбата во Италијанскиот парламент со Претседателката Марта Гранде и други членови на комисијата за надворешни работи се истакнаа актуелните политички цели на влада на Република Северна Македонија и Италија. Посебен акцент беше ставен на ЕУ и НАТО интеграција на нашата држава и важноста на поддршката на Италија во овој процес.
Во едно, од комисијата информираа дека на 4 април ја одобриле ратификацијата на протоколот за членство на нашата држава во НАТО, и истата сега е во понатамошна процедура во другите комисии на парламентот.
Во тој контекст, министерот ги запозна соговорниците со последните постигнувања на Владата на Република Северна Македонија во насока на изградба на праведно и инклузивно општество. Посебно се осврна на надворешно политичките приоритети, споделувајќи ја нашата посветеност и решителност за постигнување на решавачки исчекор во процесот на НАТО и ЕУ интеграција, преку финализирање и затворање на процесот за спроведување на Конечната спогодба со Грција.
Од страна на соговорниците беше изразена поддршка за новата реформска влада и охрабрување во однос на итните реформи. Посочија дека Договорот од Преспа е соодветен пример за надминување на конфликтни ситуации , не само во регионот туку и пошироко и беше истакната поддршката на Италија за интегративните перспективи на Република Северна Македонија.