Одлука за вработување 1.117 лица во здравството
Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за здравство за вработување здравствени работници и здравствени соработници за потребите на јавните здравствени установи во Република Северна Македонија.
Владата донесе Одлука за вработување на неопределено време на вкупно 1.117 лица, здравствени работници и помошно-технички работници.
Според образложенијата од Министерството за здравство и Министерството за финансии, во утврдувањето на горепосочените вработувања, земени се предвид испразнети места во јавните здравствени установи по основ на пензионирања и на веќе дадени согласности за вработувања.
Средствата се обезбедени во рамки на јавните здравствени установи и Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.