23/11/2024
Македонија

Одржан вториот состанок за Патоказот за одржливо решение за нелегално поседување, злоупотреба и нелегална трговија на мало и лесно оружје во Западен Балкан

Денеска во хотел „Мериот“ во Скопје се одржа вториот локален координативен состанок за Патоказот за изнаоѓање на одржливо решение за нелегално поседување, злоупотреба и нелегална трговија на мало и лесно оружје во Западен Балкан. Состанокот имаше за цел да ги разгледа спроведените и идни активности кои произлегуваат од Акцискиот план на Патоказот.

На настанот, покрај амбасадорот на Сојузна Република Германија, Н.Е. Томас Герберих и амбасадорот на Француската Република, Н.Е. Кристијан Тимоние се обрати и претседателот на Националната комисија за контрола на мало и лесно оружје на Република Северна Македонија, г-дин Бесир Деари.