Оздравени се 45 пациенти, потврдени се 15 нови случаи на КОВИД-19, вкупната бројка на дијагностицирани 1506, почина 1 лице
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 45 оздравени пациенти во: Скопје 19, Куманово 25, Прилеп 1.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби денеска за прв пат од почетокот на епидемијата, во 24 часа, нема прием на нови пациенти, позитивни или сомнителни на КОВИД-19. На оваа клиника почина еден пациент, 61 годишен од Струга, со повеќе коморбидитети и тешка форма на болеста, хоспитализиран од 24 април, а испишани се 8. Во моментов се хоспитализирани 39 пациенти, од нив 20 потешко болни и на кислородна поддршка и 1 критично болен пациент на механичка вентилација.
Во изминатите 24 часа направени се 199 тестирања, а потврдени се 15 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје 2, Куманово 7, Прилеп 4, Тетово 1, Струга 1.
Лабораторијата на Жан Митрев достави допис со исправка до ИЈЗ за позитивни резултати на 3 лица (2 од Скопје и 1 од Битола) пријавени на 24 април. Трите лица се всушност негативни, а причина за грешката е најверојатно контаминација на материјалот. Кај трите лица лабораторијата во Жан Митрев уште веднаш, на 25 април, направила контролен тест на оригиналниот материјал, но и на нов брис по што се добиени негативни резултати, а истите лица се тестирани и преку ИЈЗ и тие резулатати се негативни.
Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1506, бројката на оздравени пациенти е 852 , на починати е 82, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 572. Последната дистрибуција по градови е следна:
- Скопје 509
- Куманово 400
- Дебар 51
- Штип 34
- Прилеп 157
- Тетово 85
- Струга 67
- Велес 77
- Битола 19
- Охрид 15
- Кавадарци 5
- Гостивар 17
- Гевгелија 4
- Струмица 2
- Крива Паланка 5
- Радовиш 4
- Крушево 3
- Кочани 31
- Пробиштип 2
- Кичево 2
- Неготино 9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
- Демир Хисар 1
- Македонски Брод 2
- Пехчево 2
- Делчево 1
- Валандово 1
- Виница 2
Направените 199 теста се преку: ИЈЗ – 179, Ветеринарен факултет – 0, Авицена – 0, Биотек – 0, Филип Втори (Жан Митрев) – 0, Систина со PCR метода – 10 и МАНУ – 10. Досега во земјата се направени вкупно 16.997 тестирања на КОВИД-19.
Во изминатото деноноќие во ГОБ „8 септември“ примени се 9 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 29. На респираторна машина се 4 пациенти, а уште тројца се со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат 3. Во болницата во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а уште 4 се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид, Гостивар и Тетово се хоспитализирани вкупно 47 позитивни и суспектни на КОВИД-19.