Оперетата „Оливер Твист“ на сцената на Театарот за деца и младинци
На сцената на Театарот за деца и младинци на 10 јануари ќе биде одиграна претставата „Оливер Твист“ работена според истоимениот роман на Чарлс Дикенс, кој е задолжителна лектира во основното образование…
Извонредната драматизација на добро познатата приказна, овојпат во стихови од страна на режисерот Срѓан Јаникијевиќ, ќе им понуди на децата една сосема несекојдневна, нетипична и досега невидена детска претстава на нашата сцена. Инаку, според жанрот, станува збор за оперета во која играат: Бојан Кирковки, Трајче Ѓорѓиев, Драган Довлев, Наташа Петровиќ, Мартин Јорданоски, Мики Анчевски, Изабела Новотни, Симона Спировска иНенад Митевски. Дизајнер на сцената и на костимите е Кирил Василев, а музиката е од Игор Василев.
Оливер Твист е една од најбараните и најпосетуваните претстави кај децата над 8-годишна возраст.