23/11/2024
Охрид

Охриѓанец заработи кривична пријава поради фалсификување исправа

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Т.(42) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Тој, со цел да може да царини и регистрира увезено половно товарно возило „мерцедес бенз“, ја преправил странската сообраќајна дозвола и неовластено внел други невистинити податоци.