26/11/2024
Македонија

Петровска му понуди на својот грчки колега Никос Дендиас помош за справување со пожарите

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска имаше телефонски разговор со министерот за одбрана на Република Грција Никос Дендиас, со кого разговараше за состојбата со пожарите во соседна Грција.

Во телефонскиот разговор, министерката за одбрана Славјанка Петровска изрази жалење за пожарите кои ја зафатија соседна и сојузничка Грција и понуди помош во справувањето со огнените стихии.

Двајцата министри се согласија дека како соседи, но пред сè како пријателски и сојузнички земји многу е важно меѓусебно да се помагаме.

Инаку, во Република Северна Македонија, уште во месец мај во Армијата е дадена наредба од страна на Генералштабот за воведувања на дежурства во Касарните, но и во хеликоптерската единица, кои се подготвени во случај да има потреба, веднаш да бидат ангажирани.