Повик на ЕУ за развој на социјални услуги
Делегацијата на Европската Унија објави повик за пријави за грант за развој на социјални услуги во Република Северна Македонија. Главната цел на повикот е да се поддржи спроведувањето на процесот на деинституционализацијата и да се зајакне вклучувањето на децата и лицата со попреченост во општеството, преку развој на одржливи социјални услуги во заедницата, во прв ред, услуги за поддржано живеење (домување) во заедницата. Деталите за повикот, oбјавен во рамките на Акциската програма на ЕУ за поддршка во образованието, вработувањето и социјалната политика ИПА II 2017, се достапни на следниот линк.
Министерството за труд и социјална политика ги става на располагање стратегиските документи поврзани со деинституционализацијата на заинтересираните граѓански организации и други можни учесници на повикот: