26/11/2024
Македонија

Посебен сообраќаен режим во Скопје на 10,11 и 12 јануари

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека на 10, 11 и 12.01.2022 (понеделник, вторник и среда) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Претседателот на Република Албанија, Илир Мета. МВР во наведените денови ќе преземе мерки за посебен сообраќаен режим на сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите од страна на униформираните полициски службеници.