26/11/2024
Македонија

Потврдени 54 нови случаи на КОВИД-19

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа 4 пациенти на возраст над 60 години, од кои двајца пациенти од Лабуништа, еден пациент од Прилеп и еден од Куманово. Во Болницата „8 септември“ починаа 2 лица, пациент од Велес (67г) и пациент од Куманово (59г).

Со два негативни теста и во добра општа состојба од Инфективната клиника се испишани 10 оздравени пациенти, а регистрирани се и 32 оздравени пациенти (12 од Дебар и 20 од Скопје) кои се лекуваа во домашни услови. 

Во изминатите 24 часа се потврдени 54 нови случаи на КОВИД-19. По градови: Скопје 13, Куманово 25, Штип 1, Прилеп 10, Тетово 1, Велес 2, Гостивар 1, Кичево 1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја изнесува 908 лица. Според местото на живеење, досега се регистрирани во:

  • Скопје 329
  • Куманово 236
  • Дебар 49
  • Штип 28
  • Прилеп 85
  • Тетово 38
  • Струга 43
  • Велес 34
  • Битола 9
  • Охрид 4
  • Кавадарци 3 
  • Гостивар 9 
  • Гевглелија 4
  • Струмица 2
  • Крива Паланка 3 
  • Радовиш 4
  • Крушево 3
  • Кочани 22
  • Пробиштип 2
  • Кичево 1

Во изминатото деноноќие направени се 710 теста. Преку ИЈЗ – 530, преку Ветеринарен факултет – 18, Авицена – 20, Биотек – 24 и Филип Втори (Жан Митрев) – 118, а во тестирање со PCR метода се вклучи и Систина од каде во денешната бројка влегуваат 2 позитивни теста. Досега во земјата се направени вкупно 9.262 тестирања на КОВИД-19.