25/11/2024
Македонија

Предлог законот за заштита на Кањонот Матка усвоен од Владата – влегува со собраниска постапка

На денешната 122-та Седница, Владата на Република Северна Македонија го усвои Предлогот на законот за прогласување на Кањон Матка за заштитено подрачје во категоријата III – споменик на природата.

Со конечното усвојување, после долг период на усогласување, постигнат е консензус во интерес на заштита на ова уникатно национално природно богатство.

Со донесувањето на Законот, ќе се овозможи не само заштита на природните вредности, разновидноста на биодиверзитетот, туку и ќе се создадат нови можности за одржливо управување и развој на овој еко-систем.