Премиерот Заев за предлозите за разрешување на министрите без ресор, Аксел Ахмедовски и Аднан Ќахил
Денес во Собранието на Република Македонија, Претседателот на Владата на Република Македонија ги образложи предлозите за разрешување од функција на министрите без ресор, Аксел Ахмедовски, и Аднан Ќахил.
За министер без ресор задолжен за имплементацијата на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите предложен е Музафер Бајрам, а како министер без ресор задолжен за странски инвестиции, премиерот Заев го предложи Елвин Хасан.
Собранието на Република Македонија ги изгласа новите министри.