22/11/2024
Македонија

Заев: Преодната Влада мора да организира фер и демократски избори, да продолжи да работи за доброто на граѓаните,

Заев: „Состанокот со претседателот на најголемата опозициона партија се оддржа, разговаравме за две теми, првата тема е кандидати за преодната влада на предлог на најголемата опозициона партија и втората тема е за предложените измени на изборниот законик во делот на изборниот модел.

Дозволете едно по едно да дадам објаснување. Она што прво е важно да ја констатираме обврската на сите дека нашата земја под будното око и одговорноста на сите учесници во изборниот процес е важно да обезбеди фер, демократски и регуларни избори заради тоа што земјата чекори напред, оди по вистинскиот пат и така само треба да продолжи. Тоа е одговорност на сите и верувам само уште еднаш ќе потсетам т.н пржинска Влада или преодна влада која што беше формирана 2016 на разговорите некаде пролетта 2018 кога се разговараше за пржинскиот договор ние ја отстапивме повторно, ја дадовме на опозицијата да го има како право заради две причини, првата сите да партиципираат и имаат фер третман поради тоа што ред е опозицијата да ја контролира власта, тоа е многу нормално, но, исто така и да ја презема одговорноста за спроведувањето на фер и демократкски избори.

Секако тоа за нас е вредност, принцип и правило, и во едни такви околности нормално е да се разговара за имплементација на вака донесеното законско решение од 2018. Во ваквото законоско решение зборувавме за кандидатите, кога зборувавме за кандидатите ние нормално разговаравме дека претседателот на опозицијата како предлагач треба да има во предвид кога ги предлага кандидатите единственото да не бидат лица кои се по обвинение на јавни обвинителства на државата заради тоа што тоа отприлика не е ниту етички, ниту би требало да биде дозволиво.

Заради тоа останатите имиња освен името на кандидат за МВР во понеделник во координација, јас и господинот Мицкоски, ќе бидат соопштени, веројатно и тогаш и тие ќе ги соопштат имињата. Имајќи во предвид дека Мицкоски даде изјава и не соопшти име, јас само ќе кажам дека за МВР е предложено воено лице и оттука сега испаѓа дилемата дали Уставот согласно чл.97 тоа го дозволува, Законот за служба во армијата и Законот за МВР.

Нормално заради ова прашање ние ќе ја консултираме нашата стручна јавност, владината стручна експертиза која што постои, но, ја повикувам и јавноста да си даде свој став. Убаво е транспарентно да ги искристализираме ваквите работи.

Се јаввува и една дилема за минатите времиња за г. Силјан Аврамоски, Митко Чавков или други имиња, тие се овластени лица, тоа не значи дека овластено лице не е цивилно лице. Овде е проблемот што имаме воено лице дадено и каде што Уставот дефинитивно јасно определува дека со одбрана и со полицијата раководи цивилно лице коешто било цивилно лице најмалку 3 години.

Значи и минато може да има како воено лице кандидат ама барем последните три години да биде цивилно лице како пензиониран генерал, полковник или слично.

Немаме ние никакви предрасуди за кандидатот, тоа е право на опозицијата и тие треба навистина да си го номинираат својот кандидат. Јас ова име првпат го слушнав иако е полковник во нашата армија, воено лице, но секако Уставот, Законите треба да важат во државата, затоа имаме уште неколку денови. Јас сум на отворена линија и нашите советници од двете политички партии се на отворени линии, за ова прашање да се изнедри во јавноста. Еве и стручната јавност ја повикувам секако МП, МВР, еве и одбраната, доаѓа од одбраната кандидатот како воено лице да го искристализираме самиот предлог за да можеме на крајот да не испадне да доведеме некој во состојба спротивно на устав да генерира и формализира предлози пред Собранието заради тоа што Собранието на крајот може да донесе и непријатна одлука. Заради тоа што таму се пратениците тие коишто конечно и одлучуваат.

Од тој аспект сакам да заокружам дека во понеделник ќе ги знаеме и другите имиња, очекуваме да биде принципот важен, пред се етички да не бидат лица секако гонети или под обвинение од ЈО во државата и очекуваме да се изнедри до тогаш и ова прашање за да можеме да бидеме почисти пред граѓаните заради тоа што сите функционираме и постоиме за граѓаните.

Во вториот дел го отворивме прашањето за 1 ИЕ, предлогот којшто е даден од помалите политички партии во Собранието сакаме да направиме напори да ова прашaње коешто на дневен ред и ќе продолжи да биде на дневен ред се до 12 Февруари додека не се распуши Парламентот.

Oти темата е отпочната во самото Собрание. Во духот на она коешто претставува напори за изнаоѓање на заеднички консензуални решенија разговаравме за можни варијанти да влеземe да го изгласаме законското решение да важи од следните парламентарни избори за тука да го најдеме компромисот, а секако отворените листи да важат на следните локални избори за да не има директен импакт како аргумент на опозицијата.

Од опозицијата беше кажано дека се спремни веднаш после изборите да седнат за ова прашање, јас сакам тоа да го поразговарам со помалите етнички заедници со помалите политички партии заради тоа што сепак иницијативата правно формално во Собранието за една изборна единица е на помалите политички партии и СДСМ е на таков став дека треба да имаме една изборна единица.

Имаме време, тоа прашање ќе го разгледаме, ќе се изјаснат и ќе остане актуелно секако во периодот којшто доаѓа пред нас. Апелирам секако да најдеме решение и на ова прашање. Уште еднаш напоменувам ние сме транспарента Влада, најголемата контрола ја имаат граѓаните преку вас медиумите и директно граѓанскиот сектор и граѓаните во државата.

Опозицијата треба да ја има контролната улога нормално врз власта, но и опозицијата треба да ја преземе одговорноста, на крајот на денот сите сме одговорни за почитување на Уставот и законите во државата.