Премиерот Ковачевски ја предводи владината делегација во официјална посета на Република Бугарија
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска заминува за Софија каде ќе ја предводи владината делегација во дводневна официјална посета на Република Бугарија во чии рамки е предвидено и одржувањето на мешовитиот состанок на двете влади.
Владината делегација на Република Северна Македонија е предвидено да пристигне во попладневните часови во текот на денешниот ден, кога ќе биде свечено пречекана со церемонија со највисоки државни почести на плоштадот „Александар Невски“.
Премиерот Ковачевски и делегацијата на Владата на Северна Македонија свечено пречекани во Софија
https://www.youtube.com/watch?v=iebMNGX1dQ0&feature=emb_title