23/11/2024
Македонија

Претрес во Ресен, пронајдени пушка и муниција, приведено едно лице

Денеска (06.09) од страна на полициски службеници од СВР Битола -ОВР Ресен во Ресен и ресенско извршен е претрес во дом и простории кои ги користи Б.Т.(53) од Ресен, извршен со наредба од Основен суд Ресен, во врска со член 396 од КЗ.

Имено, при претресот на две локации се пронајдени ловечка пушка без дозвола, како и 33 патрони муниција калибар 16мм.
Б.Т. е лишен од слобода и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.