22/11/2024
Македонија

Претрес во тетовско, приведен дилер на дрога

Вчеравечер (14.07.2021) полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 69-годишниот Ќ.Е. од тетовско Доброште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Имено, при претрес со судска наредба, извршен од 19.00 до 21.00 часот, во домот и помошните простории на Ќ.Е. во Доброште, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, таблети екстази и дигитална вага.

Ќ.Е. е приведен и задржан во Полициската станица Тетово за документирање на случајот, по што денеска (15 јули) со соодветен поднесок по член 215 од Кривичниот законик ќе биде изведен пред судија на претходна постапка во Основниот суд Тетово.