23/11/2024
Македонија

Претставки до медиумските организации поради непрофесионално информирање на дел од медиумите со кое се промовира насилство и омраза

Министерството за внатрешни работи испрати претставки до Здружението на новинари на Македонија, Советот за етика во медиумите и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги поради очигледното свесно дезинформирање од одредени медиуми во врска со инцидентот на фудбалскиот натпревар во с. Волино. Се надеваме дека овие организации соодветно ќе реагираат на непрофесионалното, неетичко и очигледно свесно дезинформирачко постапување со цел поттикнување на омраза, насилство и нетрпеливост на неколку медиуми иако уште од почетокот со усна информација а потоа и по писмен пат и преку извадокот на дневни настани   https://mvr.gov.mk/izvadok-od-dnevni-nastani/1611 Министерството за внатрешни работи детално информираше за овој настан.