Приведена измамничка од Скопје, ветувала станови, но ја снемувала откако ќе земе пари
На 24.08.2022 во 17.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар ја лишиле од слобода Б.Д.(39) од Скопје. Таа се сомничи дека од јануари до август 2022 измамила две лица од Гостивар и едно од кумановско за вкупна сума од 9.700 евра. Според пријавеното, таа им ветила дека за одредена сума може да им помогне да купат државни социјални станови, но откако ги земала парите набргу потоа ја прекинувала комуникацијата со нив.
Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.