26/11/2024
Македонија

Приведени две лица од кумановско, превезувале огревно дрво без документација

На 18.09.2023 во 19.30 часот на подрачјето на општина Липково, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Белановце при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода Ф.Ќ.(41) од с.Лопате, кумановско и М.С.(49) од Куманово. При преглед во патничкото возило „пежо боксер“, кое го управувал Ф.Ќ., и во товарно возило „форд транзит“, кое го управувал М.С., двете со кумановски регистарски ознаки, биле пронајдени огревни дрва без документација. Исто така, било запрено и патничко возило „фолксваген пасат“ без регистарски ознаки, кое било натоварено со огревно дрво, но возачот го напуштил местото.

Трите возила и дрвата биле одземени и предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка. По целосно расчистување и документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна пријава.