Приведени крадци во Скопје, одземеното вратено на сопствениците
Денеска (19.02.2023) во 01.25 часот на подрачје на Шуто Оризари, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници од Скопје. Тие се сомничат дека извршиле кривично дело „тешка кражба“ на подрачјето на Шуто Оризари, при што одзеле повеќе предмети. Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопствениците. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.