Приведени крадци, одземеното вратено на сопственикот
Денеска (12.11.2021) во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба ги лишиле од слобода С.А.(35) од Скопје, И.И.(29) од Скопје и М.Р.(29) од с.Никиштани, скопско. Тие се сомничат дека ноќта помеѓу 10/11.11.2021 од објект во изградба на ул.„Ташко Караџа“ одзеле повеќе предмети.
Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.