23/11/2024
Македонија

Приведени пет лица, расчистено кривично дело, следува пријава

На 15.02.2022 околу 18.15 часот од полициски службеници од СВР Скопје од седиште на правно лице на подрачјето на Карпош се лишени од слобода Б.П.(56), Н.П.(50), М.П.(25), С.П.(19) и О.Р.(31), сите од Скопје, постапувајќи по пријава примена околу 17.00 часот од страна на 52-годишна жена од Скопје, според која претходната вечер Б.П. протиправно го лишил од слобода нејзиниот 56-годишен сопруг. По преземени мерки и активности од страна на инспектори од Единицата за насилен криминал, по насока на дежурен Јавен обвинител и наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во деловен објект на подрачјето на Карпош, сопственост на Б.П., при што е пронајдено пријавеното лице, а сторителите се приведени. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.